МВР
Лишен од слобода битолчанец осомничен дека предизвикал пожар
17.08.2026 10:58
Од СВР Битола информираат дека пожарот избувнал вчера околу 12:35 часот, по што бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Битола.

67-годишен битолчанец е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар во поранешно стовариште на улицата „4 Ноември“ во Битола. Во пожарот биле зафатени сува трева и дрвени палети, а повредени лица нема.
Од СВР Битола информираат дека пожарот избувнал вчера околу 12:35 часот, по што бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. По целосното документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
