ЦУК
Активни пожари на неколку локации во Македонија
17.08.2026 13:58
Во последните 24 часа регистрирани се 25 пожари на отворен простор, 4 се сè уште активни, а 18 ставени под контрола...

Во последните 24 часа регистрирани се 25 пожари на отворен простор, 4 се сè уште активни, а 18 ставени под контрола, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Зелениково и Сарај. Во справувањето со пожарите времето на интервенција значително се намалува со гумениот базен за полнење вода со хеликоптер на доброволците од Противпожарното друштво Свети Николе.
