РКЕ

Повисоки цени на горивата од полноќ

17.08.2026 13:08

РКЕ ги зголеми максималните малопродажни цени во просек за 4,85 отсто, при што најголем раст има кај дизелот, кој ќе се продава за 98 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, по растот на референтните цени на светскиот пазар.

Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини најмногу 91,50 денари за литар, што е зголемување од 4,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 93,50 денари за литар, исто така за 4,50 денари повеќе.

Најголемо поскапување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по максимална цена од 98 денари за литар, односно за 6,50 денари повеќе.

За 6 денари поскапува и екстра лесното масло, чија максимална цена ќе изнесува 98,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,188 денари и ќе чини 43,726 денари за килограм.

РКЕ соопшти дека продолжува примената на намалената акциза од 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и намалената акциза од 4 денари за литар кај дизелот.