Трет смртен случај од западнонилска треска во земјава
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека починатиот пациент имал 61 година и бил од едно од афектираните подрачја. Во моментов има 35 потврдени случаи, а тројца пациенти се сомнителни и се во процес на дијагностицирање...

Регистриран е трет смртен случај од западнонилска треска во земјава. Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека починатиот пациент имал 61 година и бил од едно од афектираните подрачја.
Во моментов има 35 потврдени случаи, а тројца пациенти се сомнителни и се во процес на дијагностицирање. На болничко лекување се 16 лица, од кои шест се во критична состојба.
Од Инфективната клиника информираат дека критично болните се на возраст над 60 години, додека најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на болеста има 25 години и е во стабилна состојба.
Досега 15 пациенти се излекувани и отпуштени од болница. Според Клековски, најголемо жариште во Европа е Атина, а вирусот се шири и кон пограничните подрачја со земјава.
