За викендов 172 јавувања на “Ало докторе”
На телефонската линија за медицински совети за граѓаните 15123 во текот на изминатиов викенд имало вкупно 172 повика.
Сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние граѓани на кои им било потребно и соодветна симптоматска терапија.
Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на „Ало докторе” биле за совети во врска со крвниот притисок,респираторни симптоми и симптомна болка.

Во наредните два дена во кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе бидат дежурни др.Идриз Неџипи, директор на Психијатриска болница-скопје и др.Оливера Давчева, директорка на здравствена станица Железара –Скопје.