УХМР

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи

18.08.2026 08:38

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне локално се очекуваат нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 35 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Од четврток следува период на многу топло време, а во текот на викендот дневните температури на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови.