Огнот и понатаму закана за Европа и регионот
Пожарот во северна Италија на планината Монте Амариана и натаму е вон контрола, и покрај масовната интервенција на пожарникарите. Франција се надева оти шумските пожари во земјата ќе бидат изгаснати во наредните денови, иако опасноста сè уште не е завршена.

Борбата со огнените стихии во Европа и регионот продолжува со сите напори. Обилниот дожд во текот на ноќта помогна да се стави под контрола големиот шумски пожар во Белгија кој се закануваше да премине кон Германија. Пожарот во северна Италија на планината Монте Амариана и натаму е вон контрола, и покрај масовната интервенција на пожарникарите. Франција се надева оти шумските пожари во земјата ќе бидат изгаснати во наредните денови, иако опасноста сè уште не е завршена.
„Се надевам дека во наредните денови ќе можеме да прогласиме дека пожарот е изгаснат. Ветерот што дува вечерва не е добра вест за нашите пожарникари. Затоа мора да останеме внимателни, бидејќи знаеме дека сезоната сè уште не е завршена“, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Во регионот во Србија и натаму има активни жаришта, Хрватска ги санира штетите, а состојбата во Грција полека се смирува.
