УКИМ

Прв уписен рок за студии за учебната 2026/2027

18.08.2026 10:41

Токму образованието е тоа кое го создава идниот потенцијал на државата, па во тој контекст и информацијата дека денеска и утре е првиот уписен рок на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

За стабилна и просперитетна држава потребни се оние кои ја чуваат, но и оние кои ја градат. Токму образованието е тоа кое го создава идниот потенцијал на државата, па во тој контекст и информацијата дека денеска и утре е првиот уписен рок на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Според конкурсот на УКИМ од вкупниот број слободни места, 4.395 се за студенти во државна квота, 3.621 за редовни студенти кои плаќаат школарина и 835 се за вонредни студенти. Најголем број студенти на разни студиски програми ќе примат Медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, Машински, Природно-математичкиот, Економскиот, Правниот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет. Вториот уписен рок е на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември.

Прелиминарната ранг-листа со резултатите од успехот во средното образование за првиот уписен рок ќе биде објавена на 24 август, додека резултатите од вториот рок ќе бидат објавени на 15 септември.