Свет

Пропадна обидот на Вашингтон за мировен план во Газа

18.08.2026 19:44

Вашингтон бара разоружување на Хамас и постепено повлекување на израелските сили, додека двете страни и натаму остануваат на спротивставени позиции.

Пропадна обидот на Вашингтон да постигне пробив за прекин на огнот во Газа. Американскиот пратеник Кушнер, по разговорите со лидерот на Хамас во Египет, и средбата со израелскиот премиер Нетанјаху заврши без конкретен договор. Вашингтон бара разоружување на Хамас и постепено повлекување на израелските сили, додека двете страни и натаму остануваат на спротивставени позиции.

„Успеавме да разгледаме дел од загриженоста на Израел и да ги расчистиме недоразбирањата околу планот. Посветени сме на обновата на Газа, но нема да дозволиме таа да биде обновена додека не се изврши демилитаризација. Напредок може да има веќе во следните 30 дена, но ни е потребна соработка од двете страни“, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на САД за мир.