ЦУК

Речиси цела држава во зона на висок ризик од пожари

18.08.2026 09:59

Речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари, покажува метеоролошкиот индекс на пожар. ЦУК апелира на максимална внимателност и избегнување употреба на оган на отворен простор.

Речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според метеоролошкиот индекс на пожар, исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден индекс на пожар, односно жолта зона.

Од ЦУК предупредуваат дека поради временските услови постои висок ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со висок интензитет.

Граѓаните се повикуваат на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, како и да не користат оган на отворен простор.

Доколку се забележи пожар, граѓаните веднаш да пријават на телефонскиот број 112.