Водовод

Водата за пиење во Скопје безбедна, покажуваат 422 анализи

18.08.2026 09:35

Сите испитани примероци вода за пиење во Скопје во периодот од 10 до 14 август одговараат на пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во периодот од 10 до 14 август, Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зел 211 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа. Примероците се земени од 45 мерни места на територијата на Град Скопје.

Според добиените резултати, сите 422 анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека неделниот лабораториски извештај се објавува со цел граѓаните редовно да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Скопје.