Во октомври нов ИПАРД оглас
Земјоделците можат да се подготвуваат за нови инвестиции со користење на парите од ипард. Новиот оглас ќе биде објавен идниот месец.
Идниот месец Платежната Агенцијата ќе објави нов оглас за користење на европските ИПАРД фондови.
Инвестиции за кои земјоделците се најмногу заинтересирани се набавка на трактори, опрема за лозови насад, ѓубрење и берба .
Сега земјоделските стопанства наместо до 400.000 ќе може да добијат поддршка и до 1 и пол милион евра.
Во лозарството и овоштарството се финансиираат обновувањето на старите насади и опремата за заштита и берба.
Тракторите треба да имаат максимална моќност до 82 киловати и да се од земјите членки на унијата, кандидати или потенцијални кандидати.
Огласот ќе трае 45 дена по објавувањето.
Методија Трајков