Македонија

Вечерва 13-та дезинсекција против комарци во Скопје

18.08.2026 10:21

Во Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона. Активностите ќе продолжат и во наредните денови со теренска и авионска дезинсекција.

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Според најавата, на 20 август ќе се врши теренска дезинсекција, на 21 август во раните утрински часови е предвидена авионска дезинсекција, а од 23 до 26 август ќе се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Активностите се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје и одобрен од здравствените власти.

Од почетокот на сезоната досега се спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци. До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции.

Надлежните уверуваат дека активностите се спроведуваат континуирано и согласно однапред утврдена динамика, со цел заштита на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.