МВР
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога – лишено од слобода едно лице
18.08.2026 14:03
Полицијата во Прилеп лиши од слобода 47-годишен маж кај кого при претрес во домот биле пронајдени 85 стебла марихуана, семки и повеќе пакувања со дрога.

На 18 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ѓ. (47) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како и повеќе различни пакувања со марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
