Шпанската влада на итна седница за референдумот на Каталонија

29.09.2014 10:22

Итна седница на шпанската влада. Главна тема е забрана за одржување на референдум за независност на Каталонија. Доколку судот одлучи дека одржувањето на референдумот е неуставно единствено што може да направи Артур Мас е да побара распишување на вонредни избори.

Според анкетите поголемиот дел од Каталонците го поддржуваат референдумот, но имаат поделено мислење околу прашањето дали сакаат независност на земјата надвор од ЕУ. Најголем поттик за одделување од Шпанија е економската криза како и одливот на финансии од Каталонија за сиромашните региони во целата земја.