ИЈЗ

ИЈЗ: Во јули регистрирани единаесет нови случаи на ХИВ/СИДА

18.08.2026 17:27

Девет од заразените се мажи и две се жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години.

За еден месец се регистрирани но 11 случаи на ХИВ/СИДА според најновиот билтен на Институтот за јавно здравје. Според пријавите, девет од заразените се мажи и две се жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години.

И согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.06.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/сида во С. Македонија, за периодот од 1987 до 2026 година, изнесува 765 и тоа: 141 починато лице, 508 лица кои живеат со ХИВ/СИДА и 116 лица кои се водат како изгубени за следење (иселени)“се наведува во билтенот на ИЈЗ.