МВР

Латвиец приведен кај Богородица, во возилото превезувал 10 мигранти од Египет

18.08.2026 18:26

Полицијата приведе 59-годишен државјанин на Латвија, откако во возилото што го управувал биле пронајдени 10 мигранти од Египет.

На 17 август околу 22 часот во селото Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија.

При контрола на патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, полицајците ги пронашле 10-те мигранти од Египет.

Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, додека Р.С. е предаден во Полициската станица Гевгелија.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.