Мицкоски: Армијата е симбол на чест, одговорност, дисциплина и посветеност
Мицкоски во честитката нагласи дека припадниците на Армијата со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 18 Август – Денот на Армијата, оддавајќи признание на сите активни припадници, старешини, војници и ветерани за нивната посветеност во служба на државата, граѓаните и мирот.
Мицкоски во честитката нагласи дека припадниците на Армијата со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија.
„Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, напиша премиерот.
Тој посочи дека Армијата е многу повеќе од униформа, нагласувајќи дека таа претставува симбол на чест, одговорност, дисциплина и посветеност.
„Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа“, наведува Мицкоски.
Премиерот упати благодарност и до ветераните, како и до сите кои низ годините придонеле за градењето на силна и професионална Армија.
