Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за одговорноста и справувањето со кризата со вода во Гостивар
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нови меѓусебни обвинувања за одговорноста и справувањето со кризите што го засегаат здравјето и секојдневието на граѓаните.

СДСМ продолжува со лаги и дезинформации, од ВМРО-ДПМНЕ критики до опозициската партија со обвинувања за создавање паника меѓу граѓаните и избегнување одговорност за политиките што ги води. Велат, создаваат хаос, наместо да ги согледаат реалните факти.
Од СДСМ го повторуваат ставот - со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. Од партијата се децидни, наместо превенција, итна реакција и решение, во двете кризи се случил целосен распад на системот.
Во изминатиот месец, со кризата со вода во Гостивар, владејачката партија со обвинувања и барање за одговорност од локалната власт и на СДСМ и ДУИ кои го поддржуваат градоначалникот. СДСМ, пак, на тапет ја ставаат централната власт која, според нив, потфрлила во справување со последиците од кризата со водата во Гостивар.
Игор Панов
