Затворска казна за транспортот на пет тони марихуана во Србија
Осудениот со спогодба призна вина и доби 3 години и 8 месеци затвор. Дрогата ја пренел со камион, а потоа ја запалил приколката за да го прикрие делото.

Кривичниот суд ја објави и втората пресуда постигната со спогодба за незаконскиот транспорт на пет тони марихуана во Србија. Според пресудата, осудениот доби 3 години и 8 месеци затвор откако признал дека бил дел од организирана група која набавувала, складирала и транспортирала марихуана со цел нејзина натамошна продажба.
Во јануари годинава, тој со камион пренел поголема количина марихуана до Кољух, Србија каде дрогата била истоварена. Потоа продолжил до Белград и Нови Сад, каде според пресудата ја запалил приколката со цел да ги прикрие трагите, а на полицијата и кажал дека приколката се самозапалила. Потоа осудениот се вратил во земјава.
Бидејќи се откажал од правото на жалба, во пресудата е наведено дека таа е правосилна.
