Блиски исток

Иран со барања до САД за отворање на Ормутскиот теснец

19.08.2026 08:37

Овие барања доаѓаат во време кога ирански брод беше погоден од непозната ракета во теснецот, при што загина најмалку едно лице.

Укинување на блокадата на САД врз иранските пристаништа, целосно ослободување на замрзнатите средства, укинување на санкциите врз иранската нафта и прекин на сите воени операции - ова се барањата на Иран до САД, кои треба да бидат исполнети за повторно целосно отворање на Ормутскиот Теснец.

Овие барања доаѓаат во време кога ирански брод беше погоден од непозната ракета во теснецот, при што загина најмалку едно лице.

Претседателот на иранскиот парламент апелираше до САД да ги спроведат сите потребни мерки на кои се обврзаа во рамките на Меморандумот за разбирање, постигнат во јуни годинава, кој истече во понеделникот, на 17 август.