ЦУК

ЦУК: Активни се 11 пожари, 3 се ставени под контрола

19.08.2026 08:44

Во земјава регистрирани 27 пожари на отворено, од нив 13 се веќе изгаснати, 11 се активни, а 3 се под контрола, се вели во последниот извештај на Центарот за управување со кризи.

На територијата на земјава регистрирани 27 пожари на отворено, од нив 13 се веќе изгаснати, 11 се активни, а 3 се под контрола, се вели во последниот извештај на Центарот за управување со кризи.

Се уште гори во општина Студеничани кај селата Моране и Вртекица, кај Рамни Габер, во општина Зелениково во селата Добрино и Тисовица каде што е зафатена дабова шума, гори и во Опшина Сарај, Македонски Брод, Јегуновце, пожар е регистриран и во прилепско, во општината Гостивар кај село Ѓоновица, општина Јегуновце, општина Тетово кај село Фалиште, кај село Орланци, скопско гори депонија.