„Антево перо“ за 2026 година за Даниела Андоновска-Трајковска
Во потесниот избор влегоа девет стихозбирки, а комисијата оцени дека делото на Андоновска-Трајковска се издвојува со автентичност, поетски сензибилитет и специфичен израз.

Стихозбирката „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Антево перо“ за 2026 година. Одлуката е донесена едногласно од жири-комисијата, по изборот од рекордни 115 пристигнати поетски ракописи.
Во потесниот избор влегоа девет стихозбирки, а комисијата оцени дека делото на Андоновска-Трајковска се издвојува со автентичност, поетски сензибилитет и специфичен израз.
Наградената стихозбирка ќе биде објавена во специјалната едиција на наградени автори.
Наградата „Антев златник“ годинава ќе им биде доделена на тројца поети – Ерол Туфан за „Недовршени песни“, Емељ Туна за „Анатомија на бршленот“ и Милош Соколиќ за „Име во идно време“.
За наградата „Антев часовник“, наменета за млади поети, комисијата одлучи да ги награди Дарија Јовановска за „Протекување“ и Марија Велинова за „Штрингла“.
Датумот и местото на централниот настан на кој ќе бидат врачени наградите дополнително ќе бидат објавени.
