Прв уписен рок на студенти на УГД
УГД ги отвора вратите за нови студенти. Од денес до петок е пријавувањето за упис. Најголем интерес и од домашните и од странските студенти има за Факултетот за медицински науки.

Прв уписен рок за студенти на прв циклус студии на УГД. Кандидатите имаат избор од 47 студиски програми на 12 факултети и три академии. Годинава отворени се 3.342 места. Околу половина се за редовни студенти.
И годинава најголем интерес на електронското пријавување има за Факултетот за медицински науки, техничките факултети и Факултетот за информатика, но расте интересот и за студирање на македонски јазик и литература и за општествените науки.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, а уписите се од први до трети септември. Вториот уписен рок на УГД е на трети и четврти септември, а третиот на 16 и 17 септември.
Славица Величковска
