ИЈЗ

11 нови случаи на ХИВ регистрирани во јули, алармираат невладините организации

19.08.2026 15:34

Девет мажи и две жени, за еден месец нови 11 случаи на ХИВ/СИДА. Неколкукратно намален буџетот за превенција, велат од невладината ХЕРА. Аларм е и стигмата, треба повеќе јавно да се говори на оваа тема.

ХИВ сидата со црвен аларм. 11 лица се регистрирани со оваа болест само во месец јули. Институтот за јавно здравје објави дека се работи за најпродуктивната категорија на возраст од 20 до 49 години од кои девет се мажи, а две жени. Податокот е загрижувачки велат од невладината Хера.

Причините ги гледаат во четирикратното намалување буџетот за средства за превенција кои од 800 илјади евра во 2019, во 2025 се 210 илјади. Втора причина е стигмата вели за МТВ програмската раководителка Стојковска.

Дури една третина од лицата кои живеат со ХИВ во државата сè уште не се свесни за својот статус, па Стојковска повикува да се користат бесплатните доверливи тестирања за ХИВ кои ги нудат.

Од ИЈЗ информираат дека од 1 јули годинава вкупниот број на регистрирани лица со ХИВ/сида изнесува 765.

„Oд нив, 141 лице починало, 508 живеат со ХИВ/сида, додека 116 лица се водат како изгубени од следење (се преселиле)“, се наведува во билтенот на ИЈЗ - велат од ИЈЗ

Од другите сексуално и преку крв преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен Хепатит B, како и по еден случај на гонореја, инфекција со кламидијаивирусен Хепатит Ц.

 

Фиљана Кока