Министерство за правда

Новиот закон за Академијата за судии и обвинители треба да го надмине застојот во приемот на нова генерација

19.08.2026 18:37

Од Министерството за правда информираат дека новиот закон треба да создаде услови за непречено функционирање на Академијата и надминување на досегашниот застој во процесот за прием и обука на новата генерација слушатели.

Министерот за правда Јетон Шасивари и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски на денешната средба разговарале за актуелните предизвици со кои се соочува Академијата и за новиот закон кој е во владина процедура. Со предложеното законско решение се очекува да се овозможи продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели.

На работната средба било разговарано за функционирањето на Академијата, како и за потребата од унапредување на условите за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители.

Од Министерството за правда информираат дека новиот закон треба да создаде услови за непречено функционирање на Академијата и надминување на досегашниот застој во процесот за прием и обука на новата генерација слушатели.

Предложеното законско решение предвидува и унапредување на нормативната рамка, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием и обука, како и обезбедување континуитет во програмите за почетна и континуирана обука.

На средбата посебно внимание било посветено и на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети поради обемот на активностите што следуваат.

Министерството за правда и Академијата најавуваат продолжување на заедничката работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството, стои во соопштението.