Учинок наместо капитација

24.12.2013 13:45

Стоматолошката комора место капитација за матичните стоматолози бара плаќање по учинок

Приватизацијата на превентивната стоматологија не го постигна вистинскиот ефект-намалување на кариесот кај децата и подобро орално здравје-смета претседателката на Стоматолошката комора проф. Марија Накова.Затоа  Комората предлага повеќе активности во градинките и во училиштата. Матичните стоматолози наместо со капитација мислат дека е подобро Фондот да им плаќа според извршена услуга.Сегашниот  капитациски бод изнесува   35 денари по пациент годишно. Само 10% од стоматолошкиот кадар е под капата на државата. Тоа се  147 тима за превентивна заштита ,и вработените од Стоматолошките клиники. 3200  се приватни  стоматолози,од кои повеќе од половина матични.   

                                               

,,Дефинитивно, капитацискиот  бод е многу низок, лимитот во  специјалистичката дејност  исто така, се  оптоварува и забниот техничар  и уште нешто  што е многу значајно, во такви услови  не се создаваат можности  за вработување на младата генерација“-вели  проф.д-р Марија Накова- претседател на Стоматолошката комора на РМ.

,,Системот на извршена услуга е некако најприфатлив (наместо капитација), исто така најзастапен модел на плаќање во земјите на Европската Унија.Мислиме дека со тоа ќе се добие и подобар квалитет на здравствените услуги“ –рече  д-р Тома Тодоров од  Стоматолошката  комора на РМ.

Соња Стојановска