Одбележување
„Силно светнал ден“ и во Прилеп
19.08.2026 16:29
Спектаклот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, вечер во Прилеп. Преку музика, глума и танц, ќе биде раскажана приказната за нашата татковина ...

Карванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, вечер во Прилеп. Преку музика, глума и танц, ќе биде раскажана приказната за нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ од 20 часот и 30 минути ќе настапат повеќе од 100 македонски уметници, во музичка програма која ќе ги обедини различните генерации и ќе понуди песни што се дел од македонското колективно паметење.
