Македонија

Пациент од Охрид итно префрлен во Берлин со владиниот авион, чека донор за трансплантација на срце

19.08.2026 18:00

Транспортот до Германија бил реализиран преку Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од Министерството за здравство.

Пациент од Охрид со тешко срцево заболување е транспортиран со владин авион во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, каде што е прифатен за стабилизација и подготовка за трансплантација на срце. Поради влошената здравствена состојба и немањето соодветен донор во земјава, итно била активирана постапка за лекување во странство.

Пациентот Д.Н. од Охрид претходно подолг период се лекувал на Клиниката за кардиохирургија, каде што бил квалификуван за трансплантација на срце. Откако состојбата му се влошила и било проценето дека е потребен итен третман, а во земјава немало соодветен донор, била покрената постапка за продолжување на лекувањето во странство.

Транспортот до Германија бил реализиран преку Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од Министерството за здравство.

Од германскиот медицински центар пациентот е прифатен за стабилизација и подготовка за оперативниот зафат. Во моментов се очекува да се појави соодветен донор, по што би требало да биде извршена трансплантацијата на срце.