НАТО е подготвен да одговори на секоја закана
Портпаролот на Алијансата порача дека ќе биде преземено сè што е потребно за заштита на сојузниците, откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Техеран ја разгледува оваа можност.

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана, по информациите дека Иран размислува за можен напад врз американски воени цели во Европа, доколку Вашингтон дополнително ја ескалира војната.
Портпаролот на Алијансата порача дека ќе биде преземено сè што е потребно за заштита на сојузниците, откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Техеран ја разгледува оваа можност.
Во меѓувреме, битката за контрола врз Ормускиот теснец продолжува – САД го зајакнуваат присуството во клучниот поморски коридор, а повеќе од 80 отсто од бродовите во изминатите две недели минувале по рута долж брегот на Оман, под заштита на американските поморски сили.
Иран се противи на оваа рута, но засега не успева целосно да го контролира сообраќајот низ теснецот.
