АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
20.08.2026 08:06
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
