Пожари
Регионот и Европа во пламен - пожари беснеат од Балканот до Португалија и Шпанија
20.08.2026 08:21
Властите во Србија прогласија вонредна состојба во Кладово, додека во земјата пристигнува дополнителна помош.

Регионот и натаму се бори со гаснењето на пожарите.
Властите во Србија прогласија вонредна состојба во Кладово, додека во земјата пристигнува дополнителна помош.
Пожари беснеат и во Црна Гора и Босна и Херцеговина, недалеку од границата со Хрватска. Критична е ситуацијата и во Европа, каде огнените стихии во Португалија и Шпанија сè уште се вон контрола.
Во Белгија пожарникарите успеаја да го опколат големиот шумски пожар во близина на границата со Германија, но огнот и натаму претставува сериозна закана.
