Безбеден град

„Безбеден град“ и за странските возила - казни за прекршоците се издаваат на Табановце

20.08.2026 08:26

На граничниот премин Табановце, при излез од државата, возачите на ваквите возила се информираат за евидентираниот прекршок и им се издава записник, како и прекршочен платен налог.

Од вчера започна примената на новиот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички, кај кои системот „Безбеден град“ претходно евидентирал сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.

На граничниот премин Табановце, при излез од државата, возачите на ваквите возила се информираат за евидентираниот прекршок и им се издава записник, како и прекршочен платен налог. Казната ќе можат да ја подмират согласно со законската постапка.

Од МВР информираат дека зголемениот број возила на преминот се должи на тоа што вчера беше првиот ден од примената на механизмот, при што се опфатени и претходно евидентирани прекршоци.

Примената на системот „Безбеден град“ постепено ќе се проширува и на останатите гранични премини во државата.