Лажни СМС-пораки во име на „Безбеден град“ - МВР предупредува на фишинг-измами

20.08.2026 08:30

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не споделуваат лични и банкарски податоци.

МВР предупредува на фишинг-измами преку лажни СМС и електронски пораки, кои наводно се испраќаат во име на системот „Безбеден град“.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не споделуваат лични и банкарски податоци.

Официјалните СМС-известувања за сообраќаен прекршок, како што информира МВР, треба да пристигнуваат од испраќачот „MVR-SC“, да содржат регистарска ознака на возилото и официјален линк од доменот на МВР.

Секторот за компјутерски криминал продолжува со истрагите за откривање и санкционирање на сторителите на ваквите измами, уверуваат од МВР.