Гугл Стрит Вју почнува со снимање низ Македонија

29.09.2014 11:31

Од денеска па се до 15-ти ноември „Гугл“ почнува со снимање на локации низ Македонија за да го подобри квалитетот на функцијата „Стрит Вју“ во рамки на апликацијата „Гугл мапс“. Канцеларијата на компанијата во Атина од Дирекцијата за заштита на лични податоци доби дозвола за извршување на пренос на податоци во нивното седиште во Калифорнија, иако личните податоци на граѓаните не се предмет на ова снимање туку територијата, улиците и локации.

На сликите наменети за „Стрит Вју“, пред да бидат објавени ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Снимањето ќе биде со возила со посебна опрема. Според најавите, ќе бидат опфатени Скопје, Битола, Куманово, Прилеп и Тетово, но во подоцнежната фаза ќе биде опфатена и целата територија на нашата држава. Ќе бидат покриени илјада 350 километри за покривање по кои ќе поминуваат возилата кои ќе го вршат снимањето.