Амбасадорски совет по седум години повторно во Скопје
Во фокусот на советот ќе бидат европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.

Првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно ќе се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва за директна, суштинска и стратешка координација.
Во фокусот на советот ќе бидат европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.
Дипломатите ќе имаат директен дијалог со државниот врв за институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап. Посебен акцент на годинашниот совет ќе биде ставен на економската дипломатија.
Значаен дел од советот ќе биде посветен и на модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората.
