Сцена
АERO Street Food Festival со 20 гастрономски приказни во паркот „Авионче“
20.08.2026 09:30
Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ во Аеродром ќе биде домаќин на второто издание на AERO Street Food Festival, со 20 гастрономски брендови, музика и разновидна понуда на улична храна.

Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе се претвори во отворена кујна со понуда од 20 гастрономски брендови.
Посетителите ќе можат да пробаат такоси, суши, бургери, гиро, хот-дог, печен компир, свежа паста, фокача, пица, ќебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед.
Фестивалот ќе понуди и богата музичка програма со македонски изведувачи. Организаторите најавуваат дека годинава настанот ќе биде поголем и со поразновидна понуда.
AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје.
