Сцена

Почнува 17. „МакеДокс“ – документарен филм на повеќе локации во Скопје

20.08.2026 10:09

Фестивалот вечерва во 20:30 часот ќе биде отворен во Куршумли ан со краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим.

Од денеска до 27 август во Скопје ќе се одржува 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, со проекции, мастер-класови и панел-дискусии.

Фестивалот вечерва во 20:30 часот ќе биде отворен во Куршумли ан со краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим.

Проекциите ќе се одржуваат во Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албанскиот театар.

Во рамки на фестивалот ќе има и мастер-класови со режисерите Мигел Еек и Ксавиер Марадес, како и две панел-дискусии. Една од нив, посветена на културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028, ќе се одржи на 24 август во „Лабораториум“.

„МакеДокс“ годинава повторно ја обединува домашната и меѓународната документарна сцена, со фокус на современи авторски пристапи во креативниот документарен филм.