Образование

Објавени прелиминарните резултати од августовскиот рок за државна матура

20.08.2026 11:03

Резултатите се достапни на интернет-страницата на Државниот испитен центар и на огласните табли во училиштата.

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок за државна матура. Учениците кои сметаат дека има пропуст при вреднувањето можат да поднесат приговор до училишната матурска комисија до денеска во 16 часот.

Резултатите се достапни на интернет-страницата на Државниот испитен центар и на огласните табли во училиштата.

Приговорите поднесени по истекот на рокот или на друг начин нема да бидат разгледувани. Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат објавени на 26 август, а увид во тестот ќе може да се закаже на 27 август од 9 до 14 часот.

Августовскиот рок за екстерните испити се одржа на 12 и 14 август. За државна матура биле пријавени 1.328 ученици, за стручна 126, а за уметничка матура шест ученици. Поради помалиот број кандидати, испитите се реализираа во четири градови на осум локации.