МВР

Возел со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајка во Берово

20.08.2026 12:47

Инцидентот се случил вчера околу 17:40 часот, кога возачот со автомобил „форд“ удрил во паркирано возило и во ограда од двор на куќа.

62-годишен жител на Русиново е лишен од слобода откако со 2,62 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода во Берово.

Инцидентот се случил вчера околу 17:40 часот, кога возачот со автомобил „форд“ удрил во паркирано возило и во ограда од двор на куќа.

При полициската контрола било утврдено дека возел под дејство на алкохол, со измерени 2,62 промили во крвта.

Извршен е увид, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање, против возачот ќе следува соодветна пријава.