Нов блесок на Јакупи на Премиер лигата, Павлов ја подигнува формата
Берат Јакупи продолжува да реди успеси на силните меѓународни натпреварувања. Во текот на викендот нашиот каратист го освои првото место на турнирот од Премиер лигата што се одржа во Ханау, во близина на Франкфурт. Во категорија -84 килограми Јакупи забележа 6 победи и триумфално го заврши настапот на еден од најсилните турнири на светот, со што се зацврсти на првата позиција на ВКФ рангирањето во својата категорија.

Забележителен настап имаше и европскиот првак од Тампере Емил Павлов, кој во – 60 кг постигна 3 победи и се пласира на 5 место. Тој останува високорангиран во својата категорија годинава и во пресрет на последниот турнир од Премиер лигата во Салцбург се наоѓа на 3 позиција.
На турнирот настапија 867 натпреварувачи од 59 земји меѓу кои и 17 од Македонија, кои согласно правилникот на КФМ се борат за што повеќе поени со кои евентуално би се избориле за настап на С П во Бремен. Во меѓувреме во Охрид од 17 – 19 октомври ќе се одржи Балканското првенство кое ќе биде последен тест за нашите најдобри каратисти пред најголемиот настан годинава во овој спорт.