Град Скопје ја спроведе 14-тата дезинсекција против комарци, следуваат нови
На подрачјето на Скопје утрово беше спроведен 14-тиот авионски третман против комарци за оваа сезона. Дезинсекцијата продолжува и во наредните денови, а од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција.

Утрово на подрачјето на градот Скопје беше спроведен авионски третман против комарци, 14-ти по ред во текот на оваа сезона, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман. Дополнително, во периодот од 23 до 26 август е предвидено спроведување терестична дезинсекција на подрачјето на градот.
Од Град Скопје информираат дека третманите се реализираат плански и системски, согласно Годишната програма, законските обврски и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.
Во изминатиот период континуирано се спроведуваа третмани и против ларви и против возрасни комарци. Досега се реализирани седум третмани против ларви и 14 третмани против комарци.
Од Град Скопје најавуваат дека до крајот на сезоната ќе бидат реализирани повеќе од 20 третмани против комарци.
Целта, како што посочуваат, е навремено и организирано спроведување на мерките за заштита на јавното здравје и намалување на бројот на комарци во градот.
