Свет

Над 100 жртви при уривање на импровизиран рудник во Централноафриканската Република

20.08.2026 18:28

Се стравува дека бројот на жртви ќе расте додека дел од повредените се во критична состојба, а спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и исчезнати под урнатините.

Над 100 луѓе загинаа при уривање на импровизиран рудник за злато во Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун.

Се стравува дека бројот на жртви ќе расте додека дел од повредените се во критична состојба, а спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и исчезнати под урнатините.

Нелегалното рударство и ниските безбедносни стандарди се честа причина за вакви трагедии во Африка.