Економија
Синдикалната кошница во август 68.675 денари
20.08.2026 11:51
За потребите на едно домаќинство во август се потребни 68.675 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија.

За основните месечни потреби на едно домаќинство во август се потребни 68.675 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со јули, кошницата е зголемена за 177 денари.
Најголем дел од трошоците отпаѓаат на храна и пијалаци – 25.032 денари, односно 36,4 отсто од вкупната кошница.
Доколку домаќинството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, месечниот трошок достигнува 84.050 денари, што е 15.375 денари повеќе од основната вредност.
За домување, без кирија, се предвидени 6.379 денари, додека со изнајмен стан трошокот се зголемува на 21.754 денари.
