училишна кошничка

Во вторник на Влада ќе се одлучува за училишната кошничка

20.08.2026 12:56

Денеска во Министерството за економија средба на трговците на големо и мало за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на годинава.

Во вторник на Влада ќе се одлучува за „училишната кошничка“. Денеска во Министерството за економија средба на трговците на големо и мало за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на годинава.

Во изминатите две години „училишната кошничка“ важеше до 15 септември, а училишниот прибор се продаваше со ограничени маржи и најмалку 10 отсто пониски цени. Според владините пресметки, семејство со двајца ученици бо можело да заштеди околу 3.000 денари. Во меѓувреме, дел од општините обезбедуваат дополнителна помош за првачињата преку бесплатен училиштен прибор, ранци, униформи или финансиска поддршка.