Над 30 пожари во едно деноноќие, најкритично во Мариово
Напуштени македонски села и објекти, манастири, викендички и пчеларници се најмногу на удар од пожарите. Првиот човек на ДЗС апелира: Исчистете ги напуштените објекти, активирајте ги тракторите и булдожерите и исчистете ја сувата трева. Трактори има илјадници хеликоптери се малку. Повеќе од 30 пожари на отворен простор во последното деноноќие.

Повеќе од 30 пожари на отворен простор во последното деноноќие. Се гаснат и од земја и од воздух. Најголем предизвик е пожарот во мариовско кој се шири и кон селото Мојно, вели првиот човек на ДЗС, Ангелов.
Пожарот на територијата на општина Студеничани над село Рамни Габер веќе се качува кон китка, а чадот е видлив од Скопје. Ангелов вели дека гаснењето на овој пожар е невозможно иако Ер-тракторите и полициските хеликоптери се постојано во воздух, она што било спасено, изгорело неколку часа подоцна вели. Комплексен е и пожарот на територијата на македонски брод за кој Ангелов вели дека постојано се разгорува.
Доказите од потпалувачите најчесто горат заедно со пожарот. Ангелов вели дека има неколку категории на потпалувачи – палат од небрежност или од криминални мотиви.
Напуштени македонски села и објекти, цркви, манастири, куќи, викендички и пчеларници се најмногу на удар од пожарите. Првиот човек на ДЗС апелира: исчистете ги напуштените објекти, активирајте ги тракторите и булдожерите. Изорајте ја површината за пожарот да не стигне до овие објекти, а потоа да се прошири и во населени подрачја. Хеликоптери имаме неколку, а трактори илјадници, вели Ангелов.
Александра Спировска
