Разговорите со Бугарија продолжуваат, решението мора да биде одржливо
Власта не го менува ставот дека уставните измени мора да бидат дел од соодветно и одржливо решение во рамките на поставените црвени линии. Премиерот Мицкоски вели дека се разговара сè додека не се најде решение. Опозицијата критикува-владата не прави ништо за евроинтеграцијата.

Соодветно и одржливо решение во рамките на црвените линии, власта не го менува ставот. Можно е уставни измени со одложено дејство да се вратат на маса и со опозицијата за Бадинтеровото мнозинство.
Премиерот Мицкоски со став, се разговара сè додека не се најде решение. Сепак, за барањето на Софија за заштита на бугарската заедница, вели, мора да има и почитување на правата на македонската заедница во Бугарија.
Од опозицијата обвинија дека власта и по три години не направила ништо за евроинтеграцијата на државата, за што сведочат и извештаите на ЕУ дека нема напредок во реформите.
Во меѓувреме продолжуваат разговорите со Бугарија и ако дипломатите постигнат напредок во приближување на ставовите за решение за уставните измени, може да има средба и на највисоко ниво меѓу премиерите на двете држави.
Ирина Гелевска
