Економија

Власта ги брани економските политики, опозицијата критикува

20.08.2026 17:00

Власта ги брани економските политики со податоците за инфлацијата, јавниот долг и растот на градежништвото. Опозицијата ја критикува економската политика и бара повисок минималец.

Буџетот не е во лоша кондиција, но нема за сè, вели министерката за финансии Кочоска, според која во изминатите години се преземале доста мерки како што се намалување на ДДВ за нафтени деривати, растот на платите и пензиите. Доказ дека системот се стабилизира, според неа е последниот податок за инфлацијата. Пресметките на финансиите покажуваат дека јавниот долг се одржува под 60 проценти.

Градежниот сектор двигател на економскиот раст. Над 30 насто кај издадените одобренија за градење. За две години вбризгани нови 120 милиони евра во бруто-домашниот производ. Според шефот на владата, двојно повеќе отколку претходните шест години на владата на СДСМ и ДУИ.

Нова критика од СДСМ за економските политики на власта. Претседателот на партијата вели доколку буџетот е во добра кондиција, минималецот да порасне на 600 евра.

Од СДСМ порачаа, наместо лични анализи, премиерот Мицкоски да каже колку чинела потрошувачката кошница кога дошол на власт, а колку чини сега.

Викторија Милевска