Украина

Зеленски бара дополнителни ракети „Патриот“ од партнерите

21.08.2026 08:16

По последните руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни ракети за системите „Патриот“, нагласувајќи дека Киев е подготвен да плати за оружјето, но очекува политичка одлука, пред сè од САД.

Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни ракети „Патриот“ по последните руски напади. Тој нагласи дека Украина е подготвена да плати за оружјето, но дека се потребни политички одлуки, пред сè од САД.

„Ни требаат ракети за „Патриот“, а само нашите партнери можат да ги обезбедат. Не зборуваме за подароци. Украина е подготвена да купи оружје. Она што е важно е да се донесат одлуки, пред сè во САД“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.