Вашингтон најави економска војна против Иран, тензиите на Блискиот Исток растат
САД го засилуваат притисокот врз Иран со најава за најстроги санкции досега, без да ја исклучат можноста за воени мерки. Техеран ги осуди заканите, додека растечките тензии и намалениот сообраќај низ Ормускиот теснец ја зголемуваат загриженоста за енергетските пазари.

Вашингтон најави економска војна против Иран, но не ја исклучува можноста за воен притисок, со цел да ја спречи обновата на иранската нуклеарна програма. САД најавија најстроги санкции досега, со цел економско слабеење и колапс на иранскиот режим. Ги предупредија земјите да не ги задржуваат економските врски со Иран.
„Ќе ја срушиме економијата на овој режим. Тоа ќе ја ограничи неговата способност да ја финансира војската. Ова ќе функционира во Иран и ние ќе го срушиме овој режим“, изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.
Техеран ги осуди заканите, додека намалениот сообраќај низ Ормускиот теснец ја зголемува загриженоста за енергетските пазари. Катар најави дипломатски напори за нормализирање на пловидбата.
„Слободата на пловидбата мора да биде гарантирана, а морските патишта не треба да бидат заложник на политичка уцена“, изјави премиерот на Катар, Мохамед бил Абдулрахман Ал Тани.
Тензиите остануваат високи. Хутите пријавија нови напади врз цели во Саудиска Арабија, додека САД воведоа санкции за лица поврзани со финансиската мрежа на Хезболах. Вашингтон истовремено го засилува военото присуство во регионот.
